Скопјанец собрал публика на турнир во мал фудбал, доби казна од 2.000 евра

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје денеска поднесе предлози за издавање казнени налози против вкупно 17 лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Еден од обвинетите постапил спротивно на Одлуката за спроведување мерки на заштита од COVID – 19 при одржување тренинзи на клубовите и одигрување фудбалски натпревари без публика. Обвинетиот организирал и одржал турнир во мал фудбал на игралиште, каде покрај играчите била присутна и публика од околу 100 лица, велат од Обвинителството.

Останатите 16 обвинети не постапиле согласно Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија, па за време на тогаш важечки полициски час биле затекнати како се движат на различни локации.

За сите обвинети надлежните јавни обвинители предложија парични казни од 100 дневни глоби со поединечна вредност на дневната глоба од 20 евра во денарска противвредност.​

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Скопјанец ја убил сопствената баба: Додека јадела ја удирал по главата и потоа ја задушил

A1on

Хрват доби казна од 700 евра за коментар на Фејсбук: Можеше да заврши во затвор

Се бара прогласување епидемија на Голема кашлица во Скопје, 18 случаи досега

Анита Петровска Рајковиќ