Скопјанецот Трајан Георгиевски (83) исчезна утринава.
Од неговиот дом во скопска Кисела Вода, според информациите, се упатил кон кулите кај Расадник, по што му се губи трагата.
Неговиот мобилен телефон е исклучен, а семејството интензивно трага по информација за тоа дали некој од граѓаните го видел на местата каде што обично се движи.
Информирана е полицијата, пријавено е исчезнувањето.
Семејството моли за помош – секој оној кој денеска го забележал Трајан во главниот град да сподели информација на телефонските броеви:
075/327-019
078/813-202
