33-годишен скопјанец речиси еден месец психички и физички ја малтретирал поранешната девојка

Од:

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 33-годишен скопјанец за продолжено загрозување на сигурноста.

„Во периодот од 5 до 30 октомври, осомничениот со умисла извршил повеќе временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на истото дело, упатувајќи сериозни закани дека ќе нападне врз животот на неговата поранешна партнерка.

Преку писмени и говорни пораки на социјална мрежа тој и се заканувал, вршејќи семејно насилство, а загрозувањето на сигурноста особено се интензивирало откако таа си заминала од домот на осомничениот, бидејќи била постојано изложена на закани и навреди.

На 30 октомври, осомничениот започнал агресивно да се однесува пред една клиника каде оштетената била сместена на лекување и се заканил дека ќе го убие нејзиниот брат. Почнал да ја тегне за рака оштетената и да ја принудува да оди повторно со него во неговиот дом, со што кај неа предизвикал чувство на несигурност, загрозување и страв. Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, велат од ОЈО.

Би можело да ве интересира

Парижаните го обвинуваат Макрон: Нема храброст да ги запре насилството и грабежите

Горан Наумовски

Уапсени шест малолетници во центарот на Скопје – краделе пари од врсници

А1он

„Глас против насилство“: Децата не се виновни за неуспехот на институциите да ги заштитат

А1он

Син нападна мајка во Велес

А1он

Ја претепа сопругата пред децата, па го пушти плинот и тргна да ја запали

А1он

Исчезна скопјанец

А1он