Слободан Тешиќ, финансиер на Српската напредна странка (СНС), извезувал оружје во Ерменија преку даночниот рај Маршалски Острови, објави белградскио неделник НИН.
Контроверзниот Тешиќ уште од 2003 година се поврзува со извоз, но и со шверц на српско оружје низ целиот свет, а со години беше на црните листи на Обединетите Нации и на САД за нелегална трговија со оружје.
Во неделникот се наведува дека на компанијата „Застава Оружје’“ според министерот за трговија, туризам и телекомуникации Расим Љајиќ, во 2019 година ѝ била издадена лиценца за извоз на оружје во Ерменија според договор вреден 120.000 евра, додека фирмите на Тешиќ – Вектура транс и Партизан, ги добиле останатите 18 дозволи за извоз на оружје од 2017 година до денес во оваа земја со договори вредни скоро 33 милиони евра.
„Документите за извоз на оружје на Министерството за трговија, туризам и телекомуникации“, посочи НИН, „откриваат дека извозот во Ерменија во текот на 2017 и 2018 година (нема податоци се уште за 2019 и 2020 година) не се извршени директно, туку преку компанија основана на Маршалски Острови”.
„Оружјето не беше буквално извезено преку Маршалските Острови, но компаниите на Тешиќ само потпишаа договори со офшор компанија од таа земја. Ваквиот извоз преку друг посредник од Маршалските Острови создава сомнеж дека Тешиќ, покрај пропишаната заработка од пет проценти, договорена со српски фабрики, направил дополнителна нелегална заработка “, се наведува во НИН.
Според неделникот, „во документот на Министерството за трговија за извоз на оружје во 2017 година се вели дека се издадени две дозволи за извоз преку Маршалски Острови во Ерменија во вредност од 1,24 милиони долари“.
„За 2018 година, кога претседателот на Србија, Александар Вучиќ, беше во Азербејџан, во документот на Министерството за трговија се наведува дека се издадени пет дозволи за извоз на оружје во Ерменија преку Маршалски Осторви, во вредност од вкупно 8,88 милиони долари. Од тие пет дозволи почнала и реализација на четири договори вредни 8,13 милиони, а до крајот на 2018 година е доставено оружје вредно 2,45 милиони долари “, посочува НИН.
Според НИН, задачата за „пеглање“ на односите со Азербејџан поради извоз на оружје во Еремија е доверена на вицепремиерот и министер за полиција Небојша Стефановиќ.