Кина: Двајца оздравени пациенти повторно болни од Ковид-19, шест месеци од првата инфекција

Од:

Двајца пациенти од Кина кои закрепнале од Ковид-19 пред неколку месеци, деновиве повторно биле тестирани позитивни на коронавирусот, а случаите ја зголемија загриженоста за способноста на вирусот да се „притаи“ и повторно да се појави кај луѓе што претходно биле инфицирани.

68-годишна жена во централната кинеска провинција Хубеи, каде што вирусот и првпат се појави во декември, била тестирана позитивна во неделата, дури шест месеци откако ѝ била дијагностицирана болеста, а потоа и оздравела. Уште еден човек што бил заразен во април, бил повторно тестиран позитивен во Шангај, а немал никакви симптоми.

Ниту еден од блиските контакти на пациентите не е заразен, но тие се ставени во изолација, соопштија локалните власти. Двата нови случаи се само последните во растечкиот број на случаи на „реактивација“ на вирусот, забележани кај пациенти за кои се верувало дека се излечени. Минатиот месец, еден ваков случај беше регистриран и во Македонија, кај пациент од Штип.

Вирусот досега во светот зарази над 20 милиони луѓе, а од последиците на Ковид-19 починаа околу 750.000 луѓе. Иако случаите на повторно заразување се ретки, феноменот отвора прашања за тоа зошто некои пациенти имаат долготрајни симптоми, како и дали имунитетот што се создава откако организмот ќе се избори со инфекцијата, е траен.

Би можело да ве интересира

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија

Бројот на жртвите од уривањето на дел од автопатот во Кина се искачи на 36

ВИДЕО: Се урна дел од автопат во Кина, најмалку 19 лица се загинати

А1он

Торнадо во Кина, најмалку пет лица загинаа, а 33 се повредени

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Кина ги отфрли обвинувањата дека ја поддржува руската инвазија на Украина