ВИДЕО: Почитувачи на Тито во Куќата на цвеќе, најбројни Македонците и Словенците

Од:

Редици од стотици граѓани, почитувачи на некогашниот претседател на СФРЈ, Јосип Броз Тито од вчера пристигнуваат во Куќата на цвеќето, за да ја одбележат 33-годишнината од неговата смрт.

На гробот прва пристигна сопругата на Тито, Јованка Броз, а со неа и останатите граѓани од сите краеви на поранешната република, најмногу Словенци и Македоници, а најавена е и голема група од БиХ, пишува српскиот „Блиц“.

Тие пристигнаа со беџови со ликот на Тито, знамиња од СФРЈ и некогашниот Сојуз на комунисти, како и капи со петокраки.

Претседателот на СФР Југославија, Јосип Броз Тито почина на 4-ти мај 1980 година во болница, во Љубљана, а на неговиот погреб во Белград присуствуваа повеќе од 200 високи личности од дури 127 држави.

Тито на чело на Југославија се наоѓаше полни 35 години.

kukja-cveke kukja-cveke1 kukja-cveke2 kukja-cveke3 kukja-cveke4
Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Никогаш не сум бил љубител на комунистите, но гробот на Тито останува во Белград

Четириесет и три години од смртта на Јосип Броз Тито

Ана Ололовска

Лопушина: Путин не може да има двојник, имаше Тито, а на ВМА се направија шест двојници на Хусеин

Предраг Петровиќ

Погребот на кралицата Елизабета го надмина тој на Тито по посетеност

А1он

Кенет Каунда, херој на Замбија и другар на другарот Тито, почина на 98 години

Жарко Настоски

Четириесет и една година од смртта на Јосип Броз Тито

Ана Ололовска