Лукаревска ја напушти функцијата директор на УЈП, на нејзино место назначен Фарук Омери

Од:

По верификувањето на мандатот за пратеник, Сања Лукаревска ја напушта функцијата директор на Упрвата за јавни приходи, а на нејзино место за в.д директор е поставен Фарук Омери, кој пред назначувањето бил помошник директор во Управата, информираат од УЈП за „А1он“.

Лукаревска вели дека засега останува на функцијата пратеник, а дали ќе биде именувана на друга функција, доколку СДСМ состави нова Влада, ќе одлучува премиерот.

„Како ќе одлучи Премиерот Зоран Заев со формирањето на новата Влада така ќе биде. Заради законоското ограничување , во моментов не можам да повеќе да бидам избран функционер од Владата затоа што сум пратеник во Собранието“ изјави кусо Лукаревска.

На оваа функција Лукаревска беше три години и за време на нејзиното директорување се спроведува еден од најголемите проекти што ги најави СДСМ на претходните избори, „Мој данок-мој ДДВ“, преку кој граѓаните со скенирање на фискални сметки остваруваат поврат на дел од платениот данок. Таа беше носител на листата во втората изборна единица од коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ, која освои најмногу пратенички мандати на изборите на 15 јули, а на 4 август ѝ беше верифициран мандатот за пратеник во новиот собраниски состав.

Освен Лукаревска, и други функционери од редовите на СДСМ ги напуштија функциите. Така, на директорското место на Мартин Костовски од Службен весник е назначена Татјана Лалчевска. Откако станаа пратеници, функциите ги напуштија и Дарко Каевски, кој беше директор на Агенцијата за млади и спорт, Фаница Николовска од Државниот управен инспекторат и Боби Мојсоски од казнено-поправната установа „Идризово“.

Би можело да ве интересира

Стартува пилот фазата за проектот е-фактура

УЈП: Електронските услуги ќе бидат привремено недостапни до доцна попладне

СДСМ: УЈП собира арач – фали една милијарда евра во буџетот

Предраг Петровиќ

Околу 10 000 граѓани треба да го пријават доходот остварен во странство

Катерина Ѓуровски

Казни за матичните гинеколози кои наплаќале ЕХО, ПАП и други услуги што ги покрива Фондот

Масовно неиздавање фискални сметки, плати во „плик“, скриен промет – УЈП контрола кај угостители и трговци

Катерина Ѓуровски