Нејмар вреди колку целиот тим на Аталанта, противникот на ПСЖ во Лигата на шампионитe

Од:

Четвртфиналниот натпреварот од Лигата на шампионите помеѓу Аталанта и ПСЖ, кој е на програмата во среда, нуди најголеми разлики кога станува збор за парите потрошени на плати и засилувања на играчите.

Анализирајќи ги платите на играчите, „Газета дело Спорт“ заклучи дека Нејмар годишно заработува исто толку, колку и целиот тим на Аталанта. Имено, бразилскиот напаѓач има годишна плата од 36 милиони евра, додека кај Аталанта најплатени се Папу Гомез, Јосип Иличиќ и Дуван Запата, кои заработуваат 1,2 милиони евра по сезона.

Исто така, постои огромна разлика во трансферите на играчи. ПСЖ го донесе Нејмар летото 2017 година со плаќање на Барселона рекорден надоместок во историјата на фудбалот во износ од 222 милиони евра, додека во јули 2018 година го доведоа Калјан Мбапе од Монако за 135 милиони евра.

Од друга страна, најскапото засилување на Аталанта е колумбискиот напаѓач Луис Муриел, за кого и платија 20 милиони евра обештетување на Севиља (јуни 2019), а на второто место е хрватскиот играч од средниот ред Марио Пашалиќ, чиј договор го откупија од Челси ова лето за 15 милиони евра.

Најдобриот играч на клубот, аргентинскиот играч од средниот ред Папу Гомез, ги чинеше само 4,5 милиони евра, онолку колку што во 2014 година платија на украинскиот Металист од Харков.

Би можело да ве интересира

Нејмар за еден допир со топката заработува 306.000 евра

А1он

(ВИДЕО) Нејмар во солзи: „Се враќам!“

А1он

Фудбалерите на Спортинг и Аталанта ремизираа во првиот натпревар од осминафиналето на Лига Европа

Нејмар нападнат од навивачите поради неговиот изглед, по повеќемесечна пауза се врати на терените

Обид да му го киднапираат новороденчето на Нејмар, вооружени напаѓачи ги врзале родителите на неговата поранешна девојка

Нејмар пристигна, принцот му испрати авион со златен трон

Предраг Петровиќ