Француско обвинителство отвори истрага за убиството на шестмина Французи во Нигер

Од:

Француското антитерористичко обвинителство отвори истрага за „убиството на француските државјани поврзани со терористички акт и здружување на криминалци-терористи“, по нападот во Нигер, во кој загинаа осум лица од кои шест се француски државјани.

Истрагата му е доверена на Генералната дирекција за внатрешна безбедност (ДГСИ), заедно со Потдирекцијата за антитероризам (Сдат), соопшти обвинителството, без да го потврди бројот на француските жртви.

Невладината организација „Ацтед“, од своја страна потврди дека седум нивни членови се помеѓу жртвите, додека според властите на Нигер загинале шест се француски и две нигериски државјани.

Францускиот претседател Емануел Макрон, кој вчеравечер го осуди нападот, вети дека се ќе биде направено за да се откријат „околностите“ на овој атентат. Тој за утре има закажано состанок на Советот за одбрана на кој ќе се зборува за ситуацијата во Нигер.

Над 4.500 француски војници се стационирани во тој дел на Африка во рамките на операцијата Баркане.

Би можело да ве интересира

Потврдено обвинението против Беќировиќ, која со пиштол уби жена додека детето гледало

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Петмина тинејџери обвинети за тероризам по нападот со нож во црквата во Сиднеј

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

Две лица се повредени во терористички напад во Ерусалим