На граничните премини во Албанија годинава одземени непријавени 1,1 милион евра

Од:

Албанските цариници во изминатиот период од годинава спречиле обид за нелегално внесување на 1,1 милион евра.

Само во месец јули и првите денови од август биле одземени 345.000 евра, фунти и швајцарски франци, додека во првите шест месеци над 800.000 евра. Само во еден случај одзмени се пола милион евра од лице кое пристигнало од Италија.

Случаите се регистрани на меѓународниот аеродром во Тирана, на пристаништето Драч, како и на преминот Морина на границата со Косово и премините Какавија и Капштица на границата со Грција.

За сите овие случаи на непријавување на парични средства на граничните премини покрената е соодветна постапка против повеќе од 20 луѓе.

– Овој растечки тренд на обиди да се донесат непријавени пари во нашата земја е поврзано со фискалната амнестија што се очекува да биде изгласана набрзо, па иселениците ја избраа летната сезона да донесат пари во Албанија, потврдуваат од полицијата за Ора њуз телевиизја.

Според истиот извор освен пари, запленети се и многу други вредни предмети, како доказен материјал.

Би можело да ве интересира

MINT Fintech Group ја поддржа eCommerce конференцијата 2024 како бронзен партнер

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици

Оружен инцидент во Скадар, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Албанија