ВИДЕО: ВМРО-ДПМНЕ бара Антикорупциската да отвори случај за финансирање на изборната кампања на СДСМ

Од:

ВМРО-ДПМНЕ денеска поднесе претставка до Антикорупциската комисија, да отвори случај и да истражи на кој начин и како се финансирала СДСМ во кампањата за предвремените парламентарни избори, за потрошени над 700.000 евра.

„Над 200.000 евра имаат потрошено на закуп за рекламни паноа и билборди. Нормално билбордите беа јавно објавени пакетите, ждребање во ДИК итн. Но не ја сфаќаме причината поради која што СДСМ не се транспарентни кон јавноста. Потоа, обзнанивме дека над 500.000 евра имаат потрошено за рекламирање на социјалните мрежи, Фејсбук, Инстаграм и останатите каде што можат да се рекламираат. Дневно има трошено над 27.000 евра како што реков во текот на кампањата над 500.000 евра, но немаат покритие за истите пари. Апелирам уште еднаш до Антикорупциската комисија да отвори случај, да ја сфати сериозно работата, бидејќи се работи за огромна сума на пари. Сомнежот е и на граѓаните, и на јавноста, и на сите останати дека тие пари се финансирани од рекетирањето на бизнисмените кое што го правеше СДСМ, од Луј Витон торбата итн. Но, тоа е работа на институциите која што ќе треба да ја истражат и да ја сведат до самиот крај. Кога СДСМ не се транспарентни, игнорираат и молчат, очекуваме дека Антикорупциската комисија ќе отвори случај и ќе ја извади вистината на виделина.“, изјави Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

То рече дека ако комисијата не го испита случајот, ќе сметаат дека „и тие се соучесници во целиот овој процес на СДСМ за нетранспарентност и прикривање на пари, односно финансирање од црни пари“.

Би можело да ве интересира

Лозановска: Трагата од претходната влада е загаден воздух, седум години крадење и празни ветувања

Мицевски: Изразувам огромна згрозеност од недоличното, безобразно и срамно однесување на претседателот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев

Горан Наумовски

Стојаноска до опозицијата: Немојте да настапувате со различни аршини во зависност од позицијата во Парламентот

ВМРО-ДПМНЕ: Посветено работиме за изградба и развој на патната инфраструктура во државата

ВМРО-ДПМНЕ: Се работи на реализација на капитални инвестиции кои водат кон економска трансформација на Македонијa

Горан Наумовски

Бојковска: Вработените во МВР ќе добијат повисоки плати