Независен синдикат на градежни работници: Универзална сала може со мала инвестиција да се санира

Од:

Независниот синдикат на градежни работници и инжинери и трговци во градежништвото НС ГРИТГ смета дека Универзална сала може многу лесно и со мала инвестиција да се санира и да продолжи да работи.

Претставникот на Синдикатот Атанас Трајковски денеска на прес-конференција ги повика граѓаните да застанат во одбрана на Универзална сала, која, како што рече, е светски објект на солидарноста и подарок од 35 земји од светот.

– Градот се ширеше со континуиран развој цели 55 години. Од тогаш на никој не му дојде на памет да го доведе во прашање опстанокот на овој светски симбол на солидарноста. Освен тоа, буди сеќавања на многу настани што се случувале тука. Сега му текнало на некој паметен да ја руши. Изгледа им недостасуваат пари во градската каса. Урбаната мафија продолжи да работи за да ги задоволи потребите на своите вработени по општините и во градот Скопје. Според ДУП и ГУП кој не е донесен вчера, овде треба да никне објект со приземје, шест ката и поткровје. Вчера почнато е да се сечат елките што се стари повеќе од 50 години. Јас како градежен инжинер претпоставувам дека градежната оператива ќе почне да работи. Овој објект може многу лесно и со многу мали пари да се санира и да продолжи да ни носи разни активности, манифестации кои 55 години ги проследувавме во оваа сала, нагласи Трајковски.

Тој додаде дека денеска се собрале со цел заштита на Универзалната сала која беше пуштена во употреба по катастрофалниот земјотрес во Скопје. Таа, како што посочи тој, беше изградена како резултат на светската солидарност.

Би можело да ве интересира

Кузеска: За хаосот во Скопје најголема вина имаат Мицкоски и ДПМНЕ

Протест поради проблемите со автобускиот превоз во Скопје

(ВИДЕО) Јовановска: На народот му врие, преку глава му е од овие политички препукувања

Советот на Град Скопје побара да продолжат разговорите со Владата за нормализирање на состојбите во градот

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Јанчева: Добро е што Владата прифати една мерка на СДСМ, Советот на Скопје да ги поддржи сите три

Вонредна седница на Советот на Град Скопје: Од утре Скопје ќе има автобуски превоз