На денешен ден пред 33 години почина долгогодишниот претседател на СФРЈ и лидер на југословенските комунисти Јосип Брос Тито, личност која одбележа еден историски период на балканските простори.
Тито почина на 4. Мај1980 година во Клиничкиот центар во Љубјана. Четири дена подоцна, погребот на Тито го проследија 700.000 луѓе, меѓу кои 209 државни и партиски делегации од 180 земји од светот.
Тито го предводеше походот кој ја ослободи Југославија во текот на Втората светска војна во 1945 година и до тогаш до смртта беше на чело на државата. По неговата смрт, започнаа дезинтеграциските процеси кои доведоа до распад на СФРЈ.
Секоја година, на годишнината од неговата смрт, во „Куќата на цвеќето“ доаѓаат посетители од сите краеви на бивша СФРЈ да оддадат почит на неговите лик и дело.
Од 1980 година до ден-денес, „Куќата на цвеќето“ ја посетиле повеќе од 17 милиони луѓе.
Петар Клинчарски