Стојаноски за кластерот на Геријатрија: Прашуваме дали е иницирана постапка за откривање на причините за овој нов кластер

Од:

„Додека владата на СДСМ и нејзините челници прогласуваат успешно справување и т.н. „победа” во борбата против пандемијата со КОВИД 19, во здравствената установа Геријатрија – Скопје, имаме детектирано нов кластер и тоа токму помеѓу најранливата категорија на граѓани. Официјалните одговорни лица велат дека корона вирусот не познава граници кога е во прашање возраста. И да, во право се, а тоа веќе и се покажа на дело. Во здравствената установа Геријатрија – Скопје за неколку дена има околу 17 ново заболени“, вели Синиша Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Од Специјализираната болница „13 Ноември“ во Скопје, позната уште и како Геријатрија – Скопје, во официјалното соопштение велат: ‘Веднаш е постапено согласно протоколите, за изолирање на болните од останатите пациенти и спроведување на епидемиолошка анкета на вработените за спречување на ширење на инфекцијата како и мерки за дезинфекција’. Прашуваме зошто и како, ако веднаш е постапено според протоколите, имаме случај на интрахоспитална ширење на заразата и зошто бројката за неколку дена достигнува 17 лица заразени со корона вирусот? Ова не смее и во никој случај не може да се третира како обична вест. Исто така, под никакви услови не смее да се оправда со тезата дека корона вирусот не познава граници кога станува збор за возраст“, додава Стојаноски.

„Прашуваме дали воопшто е иницирана  постапка за откривање на причините за овој нов кластер и дали некој ќе понесе одговорност за овој случај? Колку за споредба, во соседна Србија, во првиот момент кога се дијагностицираа поголем број на заразени со корона вирусот во Геријатрискиот дом во Ниш, веднаш реагираше владиниот кризен штаб. Министерството за внатрешни работи го повика на одговорност директорот на институцијата поради основан сомнеж за тешко казнено дело против здравјето на луѓето, а во врска со неспречување на пренесување на високо заразна болест“, кажа Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски