Советот за бебзедност на ОН доцна синоќа донесе одлука за формирање на Мисија на Светската организација во Сомалија, која ќе има за задача да им помага на сомалиските власти во напорите за изградба на демократски систем и правна држава.
Согласно одлуката, Мисијата ќе започне со работа на 3 јуни и ќе биде со мандат од една година, со можност за негово продолжување. Мисијата ќе работи на поддршка на мировниот процес во Сомалија, ќе ги координира активностите на меѓународните организации во земјата и ќе работи на проекти за заштита на човековите права.
Предвидено е мисијата да ја сочинуваат околу 200 ексрепри од различни сфери, како политика, финансии, безбедност и човекови права, кои ќе имаат канцеларии во сомалискиот главен град Могадишу.
Во Сомалија во моментов се стационирани околу 17.000 странски војници од составот на Мировната мисија на Африканската унија, која е спонзорирана од ОН.