Протест во Тетово поради поскапувањето на струјата

Од:

На градскиот плоштад во Тетово голем број граѓани се собраа на протест по повикот упатен од организациски одбор на социјалните мрежи во знак на незадоволство и револт поради зголемување на цената на електричната енергија. Претставник на органицискиот одбор ги прочита барањата. 

-Одлуката на Регулаторната комисија е скандалозна затоа што плаќаме скоро највисока тарифа за електрична енергија во Европа. Затоа од овој плоштад во Тетово го креваме својот глас во име на граѓаните за вака ги доставиме барањата до Регулаторната комисија, Парламентот, Владата и до компанијата ЕВН.  Прво регулаторната комисија веднаш да ја став вон сила одлуката за зголемување на цената и да ја намали цената за 20 отсто. Второ, Владата да го укине монополот на услугите за ЕВН и да стави крај на нечовечкото однесување кон потрошувачите. Собранието да ја укине Регулаторна комисија бидејќи служи само за апетитите на бизнис групациите кои сериозно го оштетуваат семејниот буџет на сиромашните граѓани. Последно четврто барање е Собранието да формира независен арбитрарен орган кој ќе го верификува квалитетот на услуги и ќе адресира поплаките на граѓаните на ваквите корпоративни рекетарски компании, истакна претставникот на оргнизацискиот одбор.

Тој рече дека споменатите институции имаат десет дена да ги исполнат барањата.

-Овој протес е организиран да се даде шанса за мирот да се спречат оние огорчени граѓани кои препочитаат да ги решат овие проблеми според бугарскиот модел. Ако вие кои треба да ги решавате овие барање се оглушите, вие ќе го оштетите мирот и вие ќе бидете одговорни за насилството што може да избувне. Ако не ги сфатите сериозно овие барања ќе ги оправдате радикалните постапки на граѓаните, истакна претставникот на организацискиот одбор.

Од организацискиот одбор велат дека по седум дена ќе има марш по градските улици и ќе се блокира сообраќајот.

Протести против поскапувањето на струјата вечерва имаше и во скопски Чаир, Гостивар, Куманово и Дебар.

Би можело да ве интересира

Протест во  Крива Паланка, Митовски порача: Одиме до крај — додека не се спроведе законот и последното грло добиток не биде изнесено од градот

„Ниту една повеќе“: Граѓаните бараат крај на насилството врз жените

Горан Наумовски

Касами ги викна владиката и муфтијата за заедно да се борат за соживот во Тетово

А1он

„Нема да нè снема“, „Ниту една повеќе“: Протест во Скопје против фемицидите, побарана одговорност за смртта на Билјана

Протест против фемицид и институционално насилство во Скопје – „Жените продолжуваат да бидат убивани“

А1он

(ВИДЕО) Протести на турските новинари против властите