Група австриски туристи се заразиле со коронавирусот за време на летниот годишен одмор во Хрватска.
Вкупно шест члена на група од 11 туристи од Долна Австрија биле позитивни на тест за коронавирусот кој го направиле при враќањето во Австрија.
Според соопштение на градот Баден, поради заразените туристи, по утврдувањето на контактите, уште 21 лице се ставени во домашен карантин.
Се претпоставува дека туристите се заразиле на островот Паг.
Инаку, двајца од шесте заразени имале симптоми на болеста, додека останатите биле асимптоматски.