Макрон пристигна во Бејрут: Либан ќе страда ако не се реформира

Од:

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска пристигна во Бејрут, каде што изјави дека Либан се соочува со политичка и економска криза и предупреди дека земјата ќе продолжи да страда ако не спроведе реформи.

Макрон пристигна во официјална посета на Бејрут за да изрази поддршка на Либан по експлозијата што се случи во вторникот, во која загинаа најмалку 135 лица, а повредени се околу 5.000.

По пристигнувањето, тој беше пречекан од либанскиот претседател Мишел Аун. Макрон веднаш по експлозијата разговараше со либанскиот претседател.

Тој нареди испраќање француски сили за помош на блискоисточната држава, со која Франција има длабоки историски врски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Во експлозија во воена база во Камбоџа загинаа 20 војници

Убиен командант на Хезболах во израелски напад врз Либан

(ВИДЕО) Едно лице загина откако цистерна со нафта експлодира на автопат во Алабама

ВИДЕО: Во Иран и во Либан по улици се прославуваше нападот над Израел

Катерина Ѓуровски

Макрон: Мораме трајно да се подготвиме за геополитички и геостратешки промени

Макрон повика на забрзана транзиција кон „воена економија“ и помош за Украина

Горан Наумовски