Сомнително писмо било адресирано до поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони.
Писмото е откриено од поштенската служба во Милано, откако по рентгенска контрола било утврдено дека внатре се наоѓале сомнителни предмети кои потсетуваат на сачми.
Во поштенската служба веднаш биле испратени пожарникари, а истрагата за пратката е во тек.
Писмото било адресирано до имотот на Берлускони во Аркоре, во близина на Милано. На ковертот немало адреса на испраќачот.