Министерство за одбрана: македонските војници во Либан се безбедни

Од:

Министерството за одбрана на Република Северна Македонија изрази длабоко сочувство за жртвите во разорната експлозија во Бејрут и потенцира дека нашите војници во УНИФИЛ во Либан се безбедни.

-Министерството за одбрана изразува длабоко сочувство за жртвите во разорната експлозија во Бејрут, Либан. Ве информираме дека припадниците на Армијата на Република Северна Македонија во мисијата на Обединетите нации во Либан, УНИФИЛ, се безбедни и сигурни, се наведува во соопштението на МО.

На мисија во Либан во моментов се ангажирани тројца припадници на Армијата, кои се распоредени и ги извршуваат своите задачи на безбедни локации надвор од Бејрут.

-По веста за повредени морнарички мировници во мисијата на Обединетите Нации во Либан, УНИФИЛ, чиј брод бил погоден во експлозијата на пристаништето во Бејрут, изразуваме надеж за побрзо закрепнување на мировниците и поддршка до земјите од каде тие потекнуваат, се додава во соопштението на Министерството за одбрана.

Би можело да ве интересира

Нападнат е хотел во Бејрут, има загинати и ранети

ИДФ: Бегајте, наскоро ќе ве бомбардираме

(ВИДЕО) Најмалку шестмина загинати во израелските напади врз градовите околу Бејрут

ИДФ: Складиштата за оружје и командните центри на Хезболах се погодени во нападите во Бејрут

(ВИДЕО) Камион со течен гас експлодираше на автопат, предизвика штета во радиус од 200 метри

А1он

(ВИДЕО) Експлозија уништи црква во Њујорк, има многу повредени