А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Свет

Тројца уапсени за нападите во Солун во кои загина 72-годишна жена

by А1он10/07/2026 - 09:33254
Share0

Секторот за борба против тероризам на грчката полиција, уапсени се три лица за експлозиите на импровизирани механизми пред домови на членови на Нова демократија во Солун, при што загина една жена, а беа повредени четири лица.

Следете a1on на Instagram Instagram

Од грчката полиција информираа дека операцијата се води на подрачјата на Солун и островот Крит, „за апсење лица кои се вмешани во трите подметнати пожари што се случија на 1 јули 2026 година во домовите на политички личности во Солун, при што една жена го загуби животот, а уште четири лица беа повредени“.

– Досега се уапсени три лица, а се вршат претреси на објекти и возила, информираа од полицијата.

Додадоа дека дополнително ќе бидат соопштени повеќе информации.

Следете a1on на Youtube YouTube

Според грчките медиуми, уапсените лица ѝ се веќе познати на полицијата за нивните анархистички активности, а станува збор за двајца мажи и една жена.

Во раните утрински часови минатата среда, во период од 17 минути, беа поставени три импровизирани експлозивни механизми на три различни локации во Солун, пред домовите на претседателот на Управниот комитет на Нова демократија во Солун, Зисис Јоакимовиц, на поранешниот пратеник од партијата Савас Анастасиадис и на партиската кандидатка Афродити Нестора.

Во третиот и најсериозен случај пред домот на Нестора, повредени беа пет лица меѓу кои и кандидатката за пратеничка и нејзините родители, а нејзината мајка 72-годишната Ваја Нестора, им подлегна на повредите и почина истиот ден.

eksplozijasolunubiena zena

Би можело да ве интересира

Над 47.000 жени и девојчиња се убиени ширум светот во текот на 2025 година

Горан Наумовски24/11/2026 - 19:09

Во Солун за првпат се изложени антички слики стари повеќе од 2.000 години: Научниците откриваат детали што со векови биле невидливи

Предраг Петровиќ21/11/2026 - 00:0920/11/2026 - 20:13

Привремен сообраќаен режим од петок до понеделник на автопатот Солун – Евзони

Горан Наумовски19/11/2026 - 12:4519/11/2026 - 13:31

Шпанија: Еден специјалец е мртов, а на друг му е ампутирана ногата – настрадаа додека проверуваа сомнителен ранец

Горан Наумовски10/11/2026 - 20:26

(ВИДЕО) Има мртви и ранети во експлозија која се случи во челичарница во Измир

Горан Наумовски09/11/2026 - 12:5809/11/2026 - 12:59

(ВИДЕО) Експлозија во Атина, повредени се најмалку четири лица

Горан Наумовски21/10/2026 - 16:45
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео