Месецов ќе бидат исплатени 5.44 милиони евра од „МојДДВ“

Од:

Граѓаните кои скенираат фискални сметки од почетокот на месецот ќе ги добијат средствата од повратот за второто тримесечје од годинава, а вкупниот поврат за претходниот период ќе изнесува 5.44 милиони евра, информира Министерството за финансии.

Според податоците од Управата за јавни приходи (УЈП), заклучно со 30 јуни годинава скенирани се вкупно 41.650.814 фискални сметки, направен промет од 21.414.380.426 денари, а вкупниот поврат изнесува 334.556.243 денари односно 5.440.000 евра. За ова тримесечје граѓаните ќе добијат поврат на 15 отсто од искажаниот промет во фискалната сметка. Во тековниот, трет квартал, според измените што ги направи Владата, ќе се врши поврат на 20 отсто од ДДВ-то за домашни производи и услуги и 10 отсто за странските.

Според податоците на УЈП, во април, мај и јуни годинава биле регистрирани нови 24.974 корисници на апликацијата Мој ДДВ.

Управата за јавни приходи апелира до граѓаните да ги ажурираат податоците наведени во апликацијата со што би овозможиле редовна исплата на повратот.

Би можело да ве интересира

Лукаревска: Повеќе за сите е успешната мерка Мој ДДВ со која вративме над 100 милиони евра кај граѓаните

Поврат на персоналниот данок на доход на сите нововработени млади под 30 години

А1он

Ковачевски: Во 2021-ва рекорден поврат на ДДВ во стопанството

А1он

Преку „МојДДВ“ кај граѓаните за две години се вратени 36,3 милиони евра

Ана Ололовска

Се исплаќа повратот на ДДВ кај физичките лица, на сметките ќе добијат 6,1 милион евра

Ана Ололовска

Во февруари исплата за скенирани фискални во четвртиот квартал од 2020, граѓаните ќе добијат 6,1 милион евра

Жарко Настоски