Еузебио Ди Франческо е назначен за нов тренер на Каљари, објавено е на официјалната веб-страница на „црвено-сините“.
Педесетгодишниот фудбалски стручњак потпиша договор на две сезони – до летото 2022 година.
Претходниот клуб на Ди Франческо беше Сампдорија.
Според пишувањата во италијанските медиуми, тренерот ќе заработува 1,8 милиони евра по сезона.
Во сезоната 2019/20, Каљари го освои 13. место во Серија А со 45 бода.