Во Дебар 10 новозаразени со Ковид-19 и еден починат

Од:

Во последното деноноќие во Дебар потврдени се 10 новозаразени со Ковид-19, а едно лице ја загубило битката со опасниот вирус.

Со денеска потврдените позитивни случаи, вкупната бројка на заразени, од појавата на пандемијата досега, изнесува 205, од нив во списокот на оздравени се впишани 83, починаа седум, останатите се активни на болеста, од нив десеттина се хоспитализирани во здравствени установи во Скопје.

Официјалните податоци потврдуваат дека 154 се во втората фаза, односно од петти јуни до денеска, наспроти 51 колку што имаше во првата фаза.

– Она што посебно загрижува е фактот што и понатаму има голем број граѓани кои се јавуваат со симптоми на опасниот вирус во Општата болница. Апелираме на строго почитување на мерките и протоколите. Посебен апел упатуваме до младите, кои во втората фаза се и најпогодени од невидливиот непријател, а кои во голем број се во кафулињата и се релаксираат на брегот на Дебарско Езеро а при тоа не почитуваат ниту одржување физичка дистанца ниту носење заштитна маска, велат од општинскиот Оперативен штаб.

Според статистичките податоци на дебарското Одделение за внатрешни работи, во последното деноноќие нема казенети дебрани за неносење заштитна маска, додека во изминатите денови од неделата на над 30 лица им се издадени прекршочни платни налози за неносење заштитна маска.

По зголемиот број на новозаразени со одлука на општинскиот Оперативен штаб двапати неделно се врши дезинфекција на главната и пофрекфентните улици,како јавните површини во градот.

Би можело да ве интересира

Почувствуван земјотрес во Дебар и околината

Катерина Ѓуровски

Инцидент во Џепчиште: Наставник истепал ученик во училиштето „Пенестија”

Горан Наумовски

Дебарчанец е уапсен под сомнение за семејно насилство

Се заканувал со пиштол кон жители на Дебар, меѓу нив и малолетници

Кривична за жител на дебарското село Отишани, поради поседување марихуана

Горан Наумовски

Во Дебар поставен транспарент „Албанците се понижуват до таму што се гази и крвта на паднатите борци! Врати се команданте, Али Ахмети!“

Катерина Ѓуровски