Бројот на новозаразени од коронавирус во Велика Британија денес изнесува 846, што е највисок дневен пораст во јули. Официјалните податоци објавени на веб-страницата на владата покажуваат дека од почетокот на пандемијата, дневниот биланс во земјата бил повисок само на 28 јуни, кога бил регистриран 901 нов случај, пренесува „Ројтерс“.
Британскиот премиер Борис Џонсон предупреди дека пандемијата е далеку од завршена. Тој изјави дека е клучно земјата „да не се измами“ дека пандемијата со коронавирус поминала, затоа што тоа не е точно.
Џонсон додаде дека скокот на бројот на новозаразени лица е видлив во некои европски земји и во САД и оти граѓаните мора да продолжат да ги почитуваат епидемиолошките мерки со цел да се избегне вториот бран на епидемијата.