Шеснаесет лица загинаа, а три се водат за исчезнати во поплавите во Саудиска Арабија, предизвикани од рекордните врнежи на дожд, кои во тоа пустинско кралство не се забележани во последните 25 години.
Службата за цивилна одбрана соопшти дека телата на настраданите се пронајдени на неколку подрачја, вклучувајќи ја и претстолнината Ријад, Баху на југ и Хали на север.
Од цивилната одбрана упатија порака до граѓаните да ги избегнуваат подрачјата погодени од силниот дожд, кој започна да паѓа во петок.
Медиумите пренесуваат видео снимки од автомобили заглавени во долините и луѓе качени на дрвја, кои се обидуваат да се спасат од надојдената вода.
Елена Георгиевска