Кина соопшти дека пацифичките острови Дијаоју се дел од нејзината територија

Од:

Кина денеска соопшти дека пацифичките острови Дијаоју или Сенкаку се дел од нејзината територија, односно дека се под јурисдикција на Пекинг, и дека има право да ги спроведува своите закони на таа територија, јавија британските медиуми.

САД во неколку наврати го критикуваа упадот на Кина на овие острови во Источното Кинеско Море, за кое Јапонија, исто така, полага право и смета дека се нејзина територија.

Токио минатиот месец го обвини Пекинг за „безобразен упад во водите околу групата острови“ што Јапонците ги нарекуваат Сенкаку, а Кинезите Дијаоју.

Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Ванг Венбин, изрази надеж дека сите страни вклучени во ова прашање ќе покажат поголема подготвеност за зачувување на стабилноста во регионот.

Би можело да ве интересира

Пристигна одговорот од Америка на најновата нуклеарна закана на Путин

ВИДЕО: По 44 години Кина лансираше интерконтинентална балистичка ракета во меѓународни води

Катерина Ѓуровски

Поранешен агент на ЦИА осуден на 10 години затвор за шпионирање за Кина

ВИДЕО: Еден од најсилните тајфуни однесе се во Виетнам, има загинати и повредени

Предраг Петровиќ

Според сознанијата на ЦИА и МИ-6: Путин нема да успее, подемот на Кина е главниот предизвик

НАТО го предупреди Пекинг: Не и помагајте на Русија