А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Ѓорѓиоски околу кривичните пријави за проневера: Ме измамија и ме искористија соработниците

by А1он28/07/2020 - 21:3428/07/2020 - 21:59940
Share0

Поранешниот претседател на ФФМ Илчо Ѓорѓиоски во допис до медиумите испратен како реакција на кривичните пријави за проневера на 2.4 милиони евра од Федерацијата, поднесени денеска против него и уште 24 други физички и правни лица, од страна на Финансиската полиција.

Добивај вести на вибер

Ѓорѓиоски вели дека во случајот, во кој првообвинета е долгогодишната сметководителка на ФФМ Олгица Младеноска, и за кој „А1ОН“ пишуваше уште во јануари годинава, тој бил „измамен и искористен од соработниците“ на кои „им ја дал целосната доверба за време на неговиот мандат.“

Еве го соопштението на Ѓорѓиоски во целост:

„По однос на написите во медиумите за моја вмешаност во кривично дело „несовесно работење“, би сакал да кажам дека ова е уште еден од низата напади против мене.

Јас од лицата наведени во кривичната пријава сум измамен и искористен, а тоа можам да го видам од приложените докази кои ми беа дадени на увид од страна на финансиската полиција и за кои лица ќе поднесам кривични пријави на кои веќе работи мојот правен тим.

Пријавата за случајот се однесува во период од 2016 до 2019 година, а јас како претседател на ФФМ поднесов оставка во 2018 година. Што значи дека наведеното лице го правела истото дело не само во мое време, туку и по мојата оставка, а многу веројатно и пред јас да станам претседател на ФФМ.

Јас како претседател и одговорно лице сум бил измамен од одговорното лице за финансиско работење во ФФМ кое работи повеќе од 30 години како раководител на финансискиот сектор во ФФМ и секако дека ќе поднесам кривична пријава против истата и ќе преземам соодветни мерки за заштита на својот углед и достоинство како како човек и спортски работник.

Во својство на претседател согласно статутот и правилниците на ФФМ и позитивните законски прописи формирана е финансиска комисија (експерти од областа на финансиско работење, пет члена) и е ангажирана надворешна ревизорска куќа чија задача е да вршат контрола на финансиско работење на одделот за финансии при ФФМ, што значи дека како одговорно лице сум ги презел сите дејства за правење на контролен механизам во финансиското работење на ФФМ.

Најлесно е да оцрниш човек дефинитивно без никаква совест и одговорност. Да ставиш бомбастичен наслов во кој ќе срушиш се што некој создавал со посветеност и макотрпна работа. Никогаш не видов бомбастичен наслов дека во времето на Илчо се направи „Куќата на фудбалот“ и тренинг-центарот, ниту дека беше направена Академијата и Детската лига од која излегоа врвни фудбалери и репрезентативци. Се направи најтешката смена на генерацијата во А-репрезентацијата и од 175. место на ФИФА ранг-листата сега сме на 63-то, можеби и понапред во моментов, и ќе бидеме во иднина – сигурен сум во тоа зашто направивме одлична компетитивна репрезентација и влог и база за сите идни успеси. Во времето на Илчо се случи најголемиот успех – пласман на ЕП за фудбалери до 21 година која генерација денес е носител на играта во А-репрезентацијата. Пласманот на младите репрезентации на елитните УЕФА Турнири стана нормална работа, иако претходно беа многу ретки. На клупско ниво Вардар играше во групите на Лига Европа. Се изградија многу терени и стадиони со што значително се подобри инфраструктурата.

И на крај, во времето на Илчо се одржа Суперкупот на УЕФА во кој играа Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед, настан со кој во центарот на светот беа Скопје и нашата Македонија и за првпат од осамостојувањето имавме еден позитивен настан. Можам сега да ви кажам дека Илчо е директен виновник за тоа што се случи Суперкупот во Македонија и никогаш не ми требале ловорки за било што од ова. Секогаш сум го давал најдоброто од себе за федерацијата и државата да имаат успеси. Мојата единствена грешка е што имав целосна доверба и бев измамен од луѓе вработени во федерацијата за кои верував дека се компетентни и чесни во својата работа, напиша Ѓорѓиоски.

ffmilco gjorgjioskipronevera

Би можело да ве интересира

ФФМ за срамниот потег во Тетово: За вакви нелуѓе нема место во фудбалот

А1он31/03/2025 - 19:00

(ВИДЕО) Срамни сцени на фудбалски натпревар во Тетово – „навивачите“ на Шкендија без почит за 59 жртви во Кочани

А1он31/03/2025 - 18:4031/03/2025 - 18:47

Леонид Јандреоски нов генерален секретар на ФФМ

А1он25/03/2025 - 18:15

ФФМ ги одложи денешните натпревари во сите конкуренции поради трагедијата во Кочани

А1он16/03/2025 - 08:48

Новоматик Македонија одличен пример за општествена одговорност

Предраг Петровиќ15/03/2025 - 09:4215/03/2025 - 09:49

Новоматик Македонија – нов спонзор на Фудбалската Федерација на Македонија

Горан Наумовски12/03/2025 - 14:52
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен