Во група од 94 мигранти спасени на море и доведени на Малта, 65, или повеќе од две третини се позитивни на Ковид-19, соопшти денеска Министерството за здравство на Малта.
Тоа е најголемото жариште откриено на Малта од почетокот на епидемијата на коронавирусот што избувна на 7 март. Националноста на заразените се уште не е објавена.
Министерството за здравство соопшти дека конечната бројка на заразени може да биде и поголема, затоа што досега биле тестирани само 85 мигранти.