„Емиратс Ерлајнс“ ќе ги покрие трошоците за лекување и погреби во случај на зараза со Ковид-19

Од:

Авиокомпанијата „Емиратс Ерлајнс“ на патниците кои во текот на патувањето ќе се заразат со Ковид-19 им нуди бесплатно осигурување, кое вклучува покривање на трошоците за лекување, карантин и во најлош случај, погреб.

Од компанијата наведуваат дека понудата, која важи за период од 31 ден, сметајќи од почетокот на патувањето, ќе биде достапна веднаш и ќе трае до крајот на октомври.

Осигурувањето е бесплатно за сите патници, без разлика на патничката класа или дестинацијата, и се применува автоматски, без дополнителна потреба за регистрација.

Превозникот со седиште во Дубаи соопшти дека за осигуривање на медицинските трошоци ќе обезбеди до 150.000 евра. Ќе ги плаќа и трошоците за карантин во хотелите во период од две недели, по 100 евра дневно. Во случај на смрт на патник од коронавирис, компанијата ќе обезбеди по 1.500 евра за погребални трошоци.

– Знаеме дека луѓето копнеат по авионските патувања, бидејќи границите во светот постепено се отвораат, но флексибилноста и гаранциите се потребни за непредвидени ситуации и настани за време на патувањето, изјави претседателот на групата „Емиратс“, Ахмед бин Саид Ал Мактум.

Акцијата на „Емиратс Ерлајнс“ доаѓа во период кога авиокомпаниите низ светот се тешко погодени од епидемиолошките мерки во борбата против пандемијата на коронавирусот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Иранските напади ја разоткриваат големата ранливост на земјите од Заливот

ВИДЕО: Нови ирански напади на заливските држави

ВИДЕО: Ирански дронови погодија нафтен терминал во ОАЕ и американската амбасада во Багдад

Предраг Петровиќ

Возач загина во Дубаи откако беше погоден од остатоци од пресретната ракета

(ВИДЕО) Сите летови до и од Дубаи се суспендирани

(ВИДЕО) Паника во Дубаи и Абу Даби: Бегајте во засолништа