Неколку танкери денеска експлодираа во иранскиот западен град Керманша. Експлозијата се случила во индустриската област Долатабад, а пожарот е ставен под контрола.
Танкерите не се во сопственост на иранското Министерство за нафта, туку се на приватна компанија.
Во Иран изминатите недели се случија неколку необјасниви експлозии и предизвикаа пожар во воениот камп Парчин во источен Техеран, во болница во северниот дел на главниот ирански град, во нукеларната централа Натанц, во неколку фабрики во Техеран и во петрохемиски коплекс во југозападен Иран.