Вториот фестивал на виното ќе се одржи од 8 до 12 мај под отворено небо пред Веро центарот. Посетителите ќе имаат можност на едно место да се запознаат со вкусовите на домашните вина, да дегустираат и уживаат во овој петдневен фестивал посветен на виното, храната и музиката.
– Минатата година овој фестивал иако го доживеа своето деби, се покажа како вистински погодок бидејќи побуди голем интерес. Успеавме на едно место да собереме 10 домашни производители на вина, а за уживањето да биде комплетно поканивме четири различни производители на сирења и сувомесни призводи. Очекуваме и оваа година заедно со сите љубители на доброто вино да бидеме дел од овој фестивал на уживањето, изјави генералниот директор на Веро, Костас Теодосијадис.
Посетителите ќе имаат можност да ги дегустираат вкусовите на сите домашни винарници, а ќе настапат Нокаут, Тони Китановски и Черкези, Фолтин, Чалгии, Аир Стрингс, Пеперминт… На 12 мај ексклузивно ќе настапи новосадската акустична сензација – Фрајле!