Властите во Хонгконг денеска ќе ги објават новите мерки за спречување на ширењето на новиот коронавирус, кои ќе стапат во сила од среда, а вклучуваат целосна забрана за работа на рестораните и задолжително носење маски на јавни места.
Хонгконг е првиот град кој воведува забрана за седење во ресторани.
Од крајот на јануари во Хонгконг се заразени со коронавирус повеќе од 2.600 лица, а 19 се починати.