Повеќе од 700 пожарникари се борат со огнената стихија која синоќа го зафати централниот дел на Португалија.
Еден 21-годишен пожарникар загина, а шестмина се повредени во сообраќајна несреќа додека ја извршувале својата задача.
Силните ветрови ги отежнуваат напорите на пожарникарите да го изгаснат пожарот.
Пожарот изби во околината на Олеироса вчера попладне, но се прошири на уште две соседни области, поради што голем број на луѓе беа евакуирани како мерка на претпазливост.
Според управникот на една од областите погодени од пожарот, неколку селски куќи биле зафатени од пламенот, но рано е да се каже колку долго ќе треба за да го стават огнот под контрола.
– Повеќето од евакуираните се вратија дома, рече управникот Луис Бело Коста.
Според податоците на ЕУ, Португалија е земја која е најмногу погодена од пожари секоја година, а еден од најголемите во регионот беше во јуни 2017 година, кога загинаа 66 луѓе, а повеќе од 250 беа повредени.