Времето во Македонија ќе биде претежно сончево и доста топло. Во западните делови попладне ќе има извесно зголемување на облачноста, а ќе има и услови за краткотраен локален дожд со грмежи. Претежно ќе биде тивко, само локално ќе дува слаб ветер од променлив правец.
Tемпературата ќе се движи од 28 до 33 степени.
Во Скопје времето ќе биде сончево и доста топло со мала облачност, а кон крајот на денот и со умерена облачност. Утринската температура ќе се спушти до 12, а дневната ќе се искачи до 32 степени.
УВ-индексот ќе има висока вредност 8.
Во наредните денови ќе продолжи сончево и топло време. Утре температурата ќе има тенденција на опаѓање, но во попладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот