ВИДЕО: На плажите во Охрид наместо со маски се оди со маси и столици, мерките ретко кој ги почитува

Од:

Охридските и плажи се наполнија за викендов, а посетителите оставаат впечаток како да не се плашат од коронавирусот имајќи во предвид дека ретко кој ги почитува мерките за заштита од него. Речиси да нема празна плажа на крајбрежјето од Охридското Езеро, а на дел од крајбрежјето има гужва поради која е невозможно да се почитуваат некои од препораките за заштита од коронавирусот како што одржувањето на растојание од два метри.

Тие кои не можат да најдат слободна лежалка, пешкири поставуваат на тревата. Дел од нив, на плажа доаѓаат со комплет маси, столици, јадење, пиење.

Ретко се забележува и носење на маски од страна на посетителите на плажите, како што налага протоколот за заштита од вирусот.

Надзори и казни за непочитување на мерките, најавуваат Државниот пазарен инспекторат, кои тврдат дека викендов ќе има заострени контроли на сите плажи, особено, кај оние каде веќе има најавено и музика во живо која може да прерасне во журка.

Најмногу има домашни туристи, а од автомобилите паркирани во близина на плажите, може да се забележи дека најчесто тоа се скопјани. Но, посетители има и од соседна Албанија, земја чии граѓани имаат непречен влез и излез од Македонија. Најпосетувани се комерцијалните плажи, но неретко, може да се забележат туристи на дивите плажи до кои пристапот е потежок.

Иако протоколот налага задолжителна дезинфекција на лежалките пред и после користењето од секој посетител, тоа во охридско-струшкиот регион ретко се почитува. Вработените не забележуваат кога немој станува, а друг седнува на лежалките бидејќи на плажите нема лице задолжено со таква обврска. Почесто се забележува туристите сами да си ги дезинфицираат лежалките, носејќи со себе средство за дезинфекција.

Правило кое е дел од протоколот и речиси секаде се почитува е користењето на средство за дезинфекција. На секоја од плажите, вработените внимаваат на масите да е поставен дезинфициенс кој ќе можат да го користат посетителите.

Пазарниот инспекторат најави дека откако ќе изврши контроли, ќе информира дали и колку лица се казнети поради непочитувањето за мерките за заштита од вирусот, донесени со посебен протокол од Комисијата за заразни болести.

Би можело да ве интересира

Приведен охриѓанец, го фотографирал гласачкото ливче

Катерина Ѓуровски

Работнички од Непал му избегале на газдата од Охрид, случајот пријавен во полиција

Орце Костов

(ВИДЕО) Пожар во охридската кафеана „Беко“

Горан Наумовски

Ванковска: Сосема нов Устав, затоа што постоечкиот е неупотреблив – дели наместо да сплотува

А1он

Левица од Охрид: Тука Нефи го рушеше АСНОМ додека Пецаков молчи

Орце Костов

Костадиновска-Стојчевска: Ги исполнуваме препораките на УНЕСКО и заеднички овозможуваме трајна заштита на Охридскиот регион