Мбапе разговараше за повредата со Макрон

Од:

Напаѓачот на Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе доживеа повреда во финалето на Купот на Франција против Сент Етјен и беше присилно заменет во средината на првото полувреме.

Денес ќе има поголема јасност за состојбата на фудбалерот кој претрпе повреда по груб влез на Лоик Перин.

Иако Мбапе изгледаше прилично вознемирен кога го напушти теренот, тој подоцна се врати на патериците и го догледа натпреварот.

За време на церемонијата на доделување на наградите, светскиот шампион размени неколку зборови со францускиот претседател Емануел Макрон, кој го праша за сериозноста на неговата повреда.

Еве како помина дијалогот меѓу двајцата:

Макрон: „Како е“?
Мбапе: „Почувствував мало пукање и боли малку“
Макрон: „Мислиш има скршеница?“
Мбапе: „Не, мислам дека нема“
Макрон: „Ќе одиш во болница?“
Мбапе: „Да, заминувам веднаш по доделувањето на наградите“

Првично, капитенот на Сент Етјен, Перин доби само жолт картон за повредата, но откако судијата Амаури Делеру ја разгледа ситуацијата со ВАР, го избрка.

ПСЖ го освои трофејот по успехот со 1: 0, а Нејмар постигна гол.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Навивач упадна на терен и направи хаос

Ана Ололовска

ВИДЕО: Навивачите ги изненадија Французите, им приредија добредојде и покрај поразот во финалето

А1он

ВИДЕО: Нереди во Франција и во Белгија, загина момче, стотина приведени

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Шоу на Мбапе и Жиру против Полска, Французите ја продолжуваат одбраната на титулата

Катерина Ѓуровски

Во Франција тврдат дека Зидан на лето ќе застане на чело на ПСЖ

Ана Ололовска

Гризман му даде поддршка на Умтити: Без него немаше да го освоиме СП, тој е примерен професионалец

Ана Ололовска