Лајонс клубот Кабадаја од Битола го прослави Меѓународниот ден на остварувањето на желбите

Од:

По повод Меѓународниот ден на остварувањето на желбите, Лајонс клубот Кабадаја од Битола во соработка со СВР – Битола, oтсек за превенции,организира настан во кој на малиот Николче Стојковски ,12-годишно момче од с. Кравари, му ја исполни желбата да биде полицаец. 

Николче облечен во полициска униформа го започна работниот ден со прошетка низ просториите на СВР – Битола, каде што се запозна со канцелариската работа на полицијата. Ги посети отсекот за превенција, отсекот за сообраќај и имаше можност да комуницира со колегите полицајци, возниот парк на полицијата, просториите за привремено задржување. На пунктот на собраќајната полиција лоциран кај спортската сала имаше можност да ја следи брзината на возилата со радар и да учествува во контролата на сообраќајот.

„Проектот е дел од националната програма на Лајонс Дистрикт 132 Македонија ’Исполнуваме желба‘ и се состои во работа со деца на возраст меѓу 2 и 18 години, кои имаат потреба од долгорочна хоспитализација или, пак, боледуваат од некоја хронична или терминална болест, со цел да им промениме еден ден во животот и да им исполниме една нивна најголема желба“, велат од Лајонс клубот Кабадаја од Битола.

Би можело да ве интересира

26-годишна жена од Битола осомничена за обид за убиство на нејзините баба и дедо

Горан Наумовски

Денеска во дигиталната судница во Идризово почнува судењето за „Адитив“

Во Битола ноќеска беа опожарени „тојота“, „фолксваген пасат“ и „дачиа логан“

Врне снег во Охрид, Скопје и во Битола

Горан Наумовски

Земјотрес e почувствуван во Битола и околината

Општина Битола издвои два милиони денари за семејствата на починатите и за повредените во пожарот во Кочани