Хакерите таргетираат нови сајтови за пробивање, министерствата проверуваат какви податоци им се одземени

Од:

Хакирањата на веб страните од Министерството за здравство и Министерството за образование и наука се пријавени во полицијата, која сега се обидува да пронајде кој го сторил упадот во серверите. Од МВР не споделуваат детали за истрагата која се води, само велат дека пријавите поднесени кај нив се од одговорните лица кои ги одржуваат серверите во двете мининстерства. За тоа време и министерствата прават проверки за упадите и тоа какви информации им се одземени.

Лицата кои упаднале во страните, оставиле порака дека двете министерства уште на стартот од нивната акција биле прв таргет на напад поради наводен криминал кој се правел, а во остатокот од пораката наведуваат дека им се поклонуваат на сите медицински работници кои се жртвуваат за да спасат животи на заболени од Ковид-19.

„По утврдување на фактите, за случајот ќе известиме и јавен обвинител“, велат кратко од МВР.

Додека на „Твитер“, хакерите кои упаднале во сајтовите споделија фајл со електронски адреси кои се креирани преку серверите Министерството за здравство, министерот Венко Филипче за „А1он“ вели дека наскоро ќе добие извештај за нападот и што од податоците е пробиено, по што ќе одлучат како ќе постапат понатаму.

„Пак ние. Овој пат, најбедното министерство е наш таргет. Министерството за смрт. После се што видовме со наши очи не можеме а да не останеме гневни на сите тие синови и ќерки ставени на позиција да водат министерство за здравје каде што здравјето и животите на сите тука ни зависат. Вие ни бевте таргет уште кога ја започнавме целата „ОпМакедонија кауза“ бидејќи вие сте главен столб на оваа држава, заедно со образованието. И во овие тешки моменти за нашата Македонија, вие се уште си играте к**от и пробувате на местите тендери. За ваша несреќа во Македонија се уште има луѓе кои се залагаат за оваа наша држава, ние сме едни од нив. А вие сте нашиот најголем непријател во моментот. Овој дефејс е само почеток, нема лесно да се спасите од нас, допрва ќе ви се случува бродолом“, пишува во дел од објавата која хакерите ја причаиле на двете веб страни од министерствата.

Според обајва на „Твитер“ од профилот именуван како „АнонОпсМКД“, групата која ги пробива сајтовите е составена од шест членови. На истиот профил, во посебна објава, тие појаснуваат дека од серверите не се одземени сите фајлови кои биле прикачени.

„Да појасниме, целосен леак (протекување) нема да има во ниеден случај, само некои криминални мејлови“, пишува во објавата под која има прашање: „И која е поентата ако нема леак (протекување)? Ти ова го правиш за уцена или за народот?“.

Инаку, според објавите на профилот, пробивањето на сајтовите е од истите лица кои на изборниот ден во Македонија, го пробија и безбедносниот протокол на агрегаторот „Тајм.мк“, а тврдат дека немаат поврзаност со нападот на сајтот на Државната изборна комисија.

Би можело да ве интересира

Хакери влегуваат во сметките на граѓаните, над 5.000 измамнички трансакции за една година во Македонија

Агенти на тајната единица 29155 вршат сајбер напади во земји членки на НАТО и ЕУ

Јаневска: МОН со закон ќе го официјализира дуалното образование

МОН: Над 1.000 асистенти во новата учебна година ќе бидат поддршка на учениците со попреченост

Загреб: Хакерите ги оставија пациентите без зрачење, а сега се уште бараат откуп за украдените податоци

Горан Наумовски

МОН: Од утре ќе се исплаќа неисплатената финансиска поддршка за основци и средношколци