Македонски хакери ги срушија сајтовите на Дуа Липа и Рита Ора

Од:

Официјалните интернет страници на пејачките со албанско потекло Дуа Липа и Рита Ора се хакирани од македонската група „АнонОпсМКД“.

Анонимните македонски хакери неодамна се појавија во јавноста и застанаа позади нападот на генераторот на вести „Тајм.мк“ на денот на парламентарните избори.

Хакерите преку нивниот профил на Твитер се пофалија дека овојпат цел на нивниот напад биле пејачките кои минативе денови побараа Косово да биде ставено на мапата на „Епл“, а Дуа Липа имаше објавено и мапа на „Голема Албанија“.

Тие сега најавуваат протекување на информации од мејловите на вработените во Министерството за здравство, меѓу кои е и мејлот на министерот Венко Филипче.

Сепак, велат дека ќе објавуваат единствено мејлови во кои според нив има криминална содржина.

Минатата ноќ, од истата хакерска група, нападнати беа сајтовите на Министерството за образование и Министерството за здравство. Сајтовите се уште не се во функција.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Европол урна огромна хакерска мрежа

МВР: Активно преземаме мерки за истраги и справување со „фишинг“ нападите

Севернокорејски хакери извршија кражба на деценијата

Хакери ја нападнаа веб-страната на Собранието на Македонија

ЕЦБ: Можно е банките да бидат цел на руски кибер напад

Ана Ололовска

Четворица Британци „хакнале“ фирма од Радовиш, украле 240.000 евра

Жарко Настоски