Докторка пријавила сомнеж за извршен полов напад врз шестгодишно дете во Тиквешко, а властите заради заштита на детето, не соопштуваат за која општина станува збор. Од МВР го потврдиле случајот за МИА.
-Вчера, докторка од приватна здравствена ординација пријавила дека на преглед кај неа било донесено дете на шестгодишна возраст, за кое се сомнева дека врз него има извршено полов напад, соопшти полицијата.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.