Бизнисмени донираа тестови за коронавирус за Институтот за јавно здравје

Од:

Неколку македонски претприемачи денес во Секретаријатот за европски прашања во Владата му предадоа на Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, во улога на Национален координатор на странска помош во земјава, донација во тестови за дијагностицирање на коронавирусот, информираше Секретаријатот.

Како што соопшти СЕП, донацијата ја обезбедија претприемачите Љазим Дестани од компанијата „Еколог“, Назми Виќа од компанијата „АББРУЧ AWR“ и Ремзи Ејупи од компанијата „Еврокоха“. Тестовите се наменети за Институтот за јавно здравје и ќе бидат веднаш ставени во функција.

Вицепремиерот Османи за време на примопредавањето изрази благодарност до бизнисмените за оваа донација.

– Искрена благодарност до целата бизнис заедница за континуираната поддршка во справувањето со Ковид-19, секако посебна благодарност и за господинот Дестани, господинот Вика, и господинот Ејупи за денешната донација, која претставува значајна поддршка во справувањето со пандемијата, истакна Османи за време на предавањето на донацијата.

Претставникот на донаторите при средбата истакна дека ова е само мал придонес во борбата на државата со светската пандемија, со надеж за поттик на другите претприемачи да се придружат на овие хуманитарни активности.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Донација од Владата: Секое дете во градинка ќе добива по еден килограм овошје неделно за дома

A1on