Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07), 6 мај 2013 година (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.
Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните од православна вероисповед им го честита големиот христијански празник Велигден.