Италија забрани влез на своја територија од Србија, Косово и од Црна Гора, откако ги додаде овие земји на списокот држави кои се ризично во епидемилошка смисла.
„Потпишав наредба да ги додадам Србија, Црна Гора и Косово на списокот на ризични земји. Забранет е влез и транзит за оние кои останале на тие територии во последните 14 дена“, објави италијанскиот министер за здравство Роберто Сперанца на Фејсбук.
Со таа длуката ќе се блокира воздушниот, железничкиот и другиот сообраќај што ја поврзува Италија со споменатите територии, појаснува агенцијата Анса.
Сперанца изјави дека светот се соочува со „најтешката фаза“ на пандемијата и дека е потребна максимална претпазливост.
Италија претходно забрани пристигнувања од 13 земји, вклучувајќи ги БиХ и Северна Македонија.