До 31 јули Грција ја продолжи забраната за авионско, железничко и копнено поврзување со Македонија

Од:

Грција го продолжи до 31 јули 2020 година привременото ограничување на сите авионски, железнички и копнени поврзувања со Северна Македонија, како и забраната за влез на грчка територија на лица од Северна Македонија, јави дописничката на МИА од Атина.

Ограничувањата се „од превентивни причини за заштита на јавното здравје од дополнително ширење на коронавирусот Ковид-19 на грчка територија за временскиот период од 16 јули 2020 година до 31 јули 2020 година”.

Одлуката потпишана од министрите за здравство, за транспорт и инфраструктура и за поморство, а се однесува на Северна Македонија, на Албанија и на Турција, вчера беше објавена во Службен весник на Грција, а денеска стапува во сила.

Забраната не се однесува на: грчки државјани, на лица кои имаат дозвола за престој и лица кои живеат во Грција, како и за транспорт на стоки, за влез на лица за апсолутно неопходни професионални причини, но и за транзит на болнички возила кои од Косово преку Северна Македонија влегуваат во Грција за хоспитализирање на пациенти кои припаѓаат на дипломатскиот, воениот или административниот персонал на земјите членки на ЕУ и EULEX на Косово.

Би можело да ве интересира

Мртво девојче е пронајдено на плажа во близина на Атина

Силна експлозија пред станбена зграда во Солун, најмалку двајца се повредени

(ВИДЕО) Несреќа во Грција: Огромен кран падна врз куќа, неколку лица се повредени

Српските ватерполисти поразени од Грција во натпреварот за бронзениот медал на Светското првенство

Грција: Голем шумски пожар близу Атина, евакуирани се неколку села

Горан Наумовски

80-годишен Македонец почина на плажа во Грција