Државната изборна комисија ги соопшти процентите на освоени гласови на ниво на држава, на 93,96% обработени податоците по избирачките места во Македонија.
„Коалицијата Можеме добила 36,13% од гласовите, коалицијата на ВМРО ДПМНЕ и други 34.65%, ДУИ 11,57%, Алијанса за Албанците коалиција 8,79%, Левица 3,96%, ДПА 1,48%, Интегра 1,33%, ГДУ 0,37%, МОРО 0,36%, Глас за Македонија 0,3%, Единствена Македонија 0,29%, СДУ 0,27%, Твоја 0,2%, Демократи 0,17% и Народна партија на Ромите 0,15%“, соопшти Адмир Шабани од ДИК.