Ризаов: Време на големите измамници

Од:

Ерол Ризаов својата колумна во „Утрински весник“ ја посветува на вистинска приказна, како од пристоен спортски новинар преку ноќ се станува славна личност.

Еве дел од она што напиша Ризаов за, како што вели, новинарот број еден и на сите негови поддржувачи.

Живееме во доба на големи измамници. Ги има од разни видови и подвидови. Едните подлежат на законски санкции, другите не ги допира законот. Што мислите кои се поопасни дали тие што продаваат со убави зборови станови, туѓ имот, фабрики и завршуваат во затвор, или тие што секој ден се на насловните страници и на ударните вести, ни се насмевнуваат од ТВ-екраните решителни во борба против криминалот, ни проповедаат патриотизам, чесност и морал, дебатираат за демократијата, а имаат сериозни проблеми со законот и својата чесност.

Преку ноќ тој стана угледна и славна личност. На неговите политички ток-шоуа на телевизија доаѓа лично премиерот со кој беседи и разменува мислења на ти, како што е ред меѓу блиски пријатели. Кај него доаѓа политичката и новинарска елита на власта да дебатира со овој мудрец за етиката, моралот, за медиумските слободи, за гревовите на опозицијата, за македонските непријатели и предавници… Секоја вечер тој и неговите колеги вртат кругови на сите телевизии под контрола на власта и со длабокоумни дебати на истомисленици го едуцираат населението во Македонија. Сите тие знаат за специјалноста на шоуменот, но тоа не им пречи да морализираат, да држат патриотски лекции, да жигосуваат и да плукаат граѓани кои не мислат како нив… Очекував барем еден од нив да го праша: господине „one man show“, дали им ги врати парите на граѓаните што ги измами. Маестрото за американски визи доби и колумна во весникот кој прв дознава што ќе се случува во државата. Таму еднаш неделно им лепи по една дамка на лицето на по десет луѓе, колку што изнесува неговата неделна ранг-листа на предавници, односно сите што се осмелуваат да ја критикуваат власта. И јас сум редовно почестен со неговите гнасни плуканици, понекогаш и по два пати во една колумна кога не може да најде десет душмани. Еднаш ми прати жолто комбе, да ме однесе во Бардовци, другпат ме нарече лешинар, па комендијант… ме испраќа во пензија.

Па еве токму за тоа негово големо внимание во знак на благодарност му го посветувам овој текст на новинарот број еден и на сите негови поддржувачи. Ова е нивно време.

Колумната можете да ја прочитате ОВДЕ!

Би можело да ве интересира

Реален здравствен систем, а не експлодирана ракета на годината-петарда

Ана Ололовска

Погледот на Балканот кон Брисел, а намигнувањето кон Москва не е добра можност

Наум Локоски

Блажески: Солза, лажеш, ти никогаш не би се качила на гајби и буриња, освен ако не мислиш дека тие се мостот до удобна фотеља

Ана Ололовска

Македонските политичари да не се прават Англичани пред Тереза Меј

Ана Ололовска

Врне во душите на македонскиот народ, ама здравството нема да потоне

Ана Ололовска

Азески, време е да се пензионираш, заедно со својот дијалект!

Ана Ололовска