Официјалните налози на Твитер на милијардерите Бил Гејтс, Елон Маск и Џеф Безос, кандидатот за демократски претседател на САД, Џо Бајден, како и компаниите „Епл“ и „Убер“, најверојатно се хакирани, а на нив се објавени пораки во кои се бараат донации во биткоини.
Многу од тие пораки беа избришани, јавија американски медиуми.
Твитер објави преку е-пошта дека истражува што се случило и најави дека наскоро ќе соопшти детали.
Си-Ен-Ен наведува дека слични пораки кои бараат донации преку биткоин, се појавиле и на профилите на Канје Вест и Мајкл Блумберг.
„Сите бараат од мене да вратам нешто и сега е време“, објави Гејтс на Твитер и вети дека ќе ги удвои исплатите на биткоин во наредните 30 минути.