(ВИДЕО) Јанушев: ВМРО-ДПМНЕ победува и покрај обидите за поткуп и манипулација на гласачите

Од:

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листата во изборната единица 3 на првичната прес-конференција по завршувањето на гласањето се заблагодари на како што рече, масовната излезност од страна на гласачите и на сите структури и активисти кои се вложиле во изборниот процес. Јанушев воедно обвини дека власта се служела со манипулации, поткуп, агитација на гласачи.

ВО ЖИВО: Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев

ВО ЖИВО: Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев

Posted by A1on.mk on Среда, 15 јули 2020

„Народот масовно излезе и го оствари своето право на глас, денес Македонија одлучуваше за промени и обнова. Излегоа во огромен број граѓани со цел да ја казнат власта. Следува огромна победа на народот, на правдата против неправдите. Неправидите од различна природа се одраз на очајот од пораз на Заев и политичката елита. Свесни се дека губат па се служеа со манипулација и поткуп на гласачи. Таквиот мафијаншки потег народот ќе го казни. Име регистриано 20 случаи на поткуп на гласачи, агитирање на администрацијата, манипулации и притисоци. Сите овие изборни нерегуларности се процесурирнаи до надлежни институции како и до набљудувачката мисија на ОБСЕ и ОДИХР“, рече Јанушев.

Тој најави победа на изборите и рече дека ВМРО-ДПМНЕ веќе има предност од 2:1 во многу oпштини.

„Победуваме, победуваме речиси на секаде. Од досега обработените 20% гласачките места имаме предност од над 20.000 гласови во Аеродорм, Гази Баба, Кривогаштани, Кратово, Илинден, Прилеп, Охрид, Свети Николе и Бутел огромна предност, во Кисела Вода добивме информации дека водиме. Обновата доаѓа, исправи се Македонијо“, рече Јанушев.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ