Одѕивот до 21 часот е 50,86 отсто, најголем во Крива Паланка 72,32 отсто

Од:

Десеттите парламентарни избори завршија од одѕив од 50, 86 отсто. На гласање излегле 922. 678 гласачи од обработени 3466 избирачки места од вкупно 3480. Претседателот на Државната изборна комисија Оливер Деркоски рече дека очекува бројот да се зголеми со оглед на тоа што овие податоци се од петнаесетина минути пред затворањето на гласачките места.

Најголем одѕив има Четвртата изборна единица – 59,79 проценти, а најмал и понатаму останува одѕивот во Шестата изборна единица со 39,23 проценти. Во Првата изборна единица одѕивот е 52,17, во Втората е 47,97 проценти, во Третата 57,31 и во Петтата 50,16 отсто.

Општини со поизразен одѕив во Првата изборна единица се Карпош со 53,73 отсто, Аеродром со 51,74 отсто, Кисела Вода со 52 ,77 отсто, Македонски Брод со 70, 09 отсто, Сарај до 52,02 отсто, Сопиште од одѕив од 59,55 отсто, Центар со 52, 72 отсто и Чаир со 47, 58 отсто.

Во Втората изборна единица поголем одѕив ДИК бележи во Арачиново 47,21 отсто, Бутел 50,67 отсто, Гази Баба со 50, 69 отсто, Ѓорче Петров со 51,91 отсто, Старо Нагоричане со 53,64 отсто и Шуто Оризари со 33, 58 отсто.

Во Третата изборна единица со вкупен одѕив од 57,41 отсто, поголем одѕив е забележан во Берово 63,36 отсто, во Велес 53,08 отсто, во Делчево 58, 67 отсто, во Штип 56.65, 55, 15 во Петровец, 72,32 отсто во Крива Паланка и Илинден со 52,44 отсто.

Во Четвртата изборна единица со вкупен одѕив од 58, 85 отсто поголем одѕив бележат Василево 58,07 отсто, Гевгелија 69, 25 отсто, Демир Капија со 69,47 отсто, Кавадарци со 62, 53 отсто, Прилеп 61, 23 отсто, Неготино со 69,95 отсто и Струмица со 57,15 отсто.

Во Петтата изборна единица се издвојуваат Битола со 56.57 отсто, Дебар со 40,28 отсто, Кичево со 51,58 отсто, Крушево со 70, 21 отсто, Ресен со 48, 72 отсто, Струга со 41,92 отсто и Охрид со 54, 63 отсто.

Во Шестата изборна единица Тетово има одѕив од 45,53 отсто, Гостивар има 37, 9 отсто, Брвеница има одѕив од 39,64 отсто, Јегуновце има одѕив од 45,81 отсто , делот од Кичево во „шестката“ има одѕив од 37,25 отсто и Врапчиште има одѕив од 31,09 отсто.
Претседателот Деркоски им се заблагодари на граѓаните за изборниот ден во исклучително комплицирани услови.

„Им честитам на граѓаните за изразениот демократски капацитет“, рече Деркоски и најави дека во ДИК за половина час ќе почнат да стигнуваат резултати.

Денес гласањето, место вообичаените 12 часа, траеше 14 часа поради примената на здравствените протоколи за заштита од коронавирусот.

Би можело да ве интересира

Борис Кондарко и официјално претседател на ДИК

Чејни: Ќе гласам за Харис, а не за републиканецот Доналд Трамп

Горан Наумовски

ДИК: Завршија парламентарните избори, Азизи нов пратеник на местото на Касами

„Европски фронт“ поднесе тужба до Управен суд за прегласувањето во Желино

ДИК ќе одлучува по приговорот од Европскиот фронт

Катерина Ѓуровски

Коалицијата „Европски фронт“ доставила приговор до ДИК за прегласувањето во Желино